На улицата „Цветан Димов“ во населбата Чаир се случила сообраќајна несреќа помеѓу двајца малолетници кои управувале мотоцикл и електричен тротинет

Во два часот по полноќ ноќеска во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во населбата Чаир се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје, и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје.
Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
По документирањето на случајот ќе следува соодветна пријава.