Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги отфрли како неточни тврдењата на првообвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ кој на денешното рочиште изјави дека лично од Заев како тогашен премиер, дознал дека странски служби и обвинител имаат предмет против него и Катица Јанева уште на 3 април 2019.
„Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата, како и сите други кога биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите“,
рече Заев.
