Згрозен сум од тоа што го слушнав, без разлика кој го изговара и од каде доаѓа, вели премиерот Зоран Заев за објавената аудио снимка во која се зборува за негова ликвидација.
„Нашиот народ од секогаш се борел против такви зли умови. Денес имаме правна држава која ги штити нашите граѓани и нашите деца. Гледате чепкаат и по деца и по фамилии. Срамно и опасно“,
изјави премиеро Заев за ТВ 24.
„А1он“ објави снимка од разговор прикачена на мрежата „Јутуб“ , а на која наводно се слуша разговор на двајца од осудените за „27 април“.
Од Управата за извршување санкции која е надлежна за затворите за 360степени велат дека за веродостојноста и автентичноста на аудиото треба прво да се направи истрага и да се произнесат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР затоа што снимката е нејасна.
