Нашите народи, македонскиот албанскиот и српскиот народ и сите други кои живеат во земјите на нашиот Балкан, го имаат истиот пат пред нив. Имаме иста визија и вредности- ова се европски вредности, а не ѕидови и политики на поделби. Градиме мостови, а не sидови, вели премиерот Зоран Заев во авторскиот текст
„Отворен Балкан“ е израз на силната политичка волја на Северна Македонија, Србија и Албанија и иницијатива од највисок јавен интерес. Нашите народи, македонскиот албанскиот и српскиот народ и сите други кои живеат во земјите на нашиот Балкан, го имаат истиот пат пред нив. Имаме иста визија и вредности- ова се европски вредности, а не ѕидови и политики на поделби. Градиме мостови, а не sидови, вели премиерот Зоран Заев во авторскиот текст за српскиот весник „Политика“.
Во однос на економските предности што беа најавени многу брзо, тој посочува дека ова е „само почеток“.
„Почеток на нешто наше, автентично за нашите три држави, јасен европски пат, отворен за сите други кои мислат добро за својот народ – градиме отворен пат, отворени граници, отворена економија -отворен Балкан“,
пишува Заев, пренесе Н1.
Тој посочува дека „Отворен Балкан“ не е алтернатива на Европската унија, туку „испорака на она што самата ЕУ треба да го испорача“.
„’Отворен Балкан’ е комплементарен, не е спротивен на ЕУ. ‘Отворен Балкан’ е засилувач на нашата европска агенда, додека сите три земји остануваат посветени на своите агенди и обврски за влез во ЕУ“,
вели Заев.
Според него, „иницијативата е отворена и подава рака кон сите земји од Западен Балкан, и јасно повикува: Придружете ни се, заради нашите народи!