Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на социјалните мрежи се огласи за двете аудиоснимки кои денеска беа објавени на јутуб-каналот со име „Зоки истина“, во која објава тој посочува дека станува збор за разговор од 2016 година кога лошо се изразил и употребил несоодветни зборови.
„Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициски партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува“,
вели Заев.
Во двете снимки со должина од по 36 секунди се слуша гласот на лидерот на СДСМ, додека гласот на неговиот соговорник е мутиран.
Во првиот разговор Зоран Заев и соговорникот зборуваат за владиката Наум, а во вториот генерално се разговара прво за рејтинзи, а потоа за „Шарената револуција“.