Премиерот Зоран Заев вели дека Владата не ја рушела дивоградбата кај трговскиот центар „Мавровка“, туку само ѝ асистирала на Општина Чаир, која направила сѐ што е во нејзина надлежност, но не успеала да ја отстрани дивоградбата.
„Владата не рушеше пред Мавровка, туку ѝ асистираше на Општина Чаир која рушеше. Поради тоа што не успеваа постапките за избор на изведувач, ние понудивме да асистираме“,
изјави денеска Заев, кој беше прашан дали Владата ќе продолжи со уривањето на дивоградбите.
Тој посочи дека проблемот бил во тоа што општината Чаир еден-два месеци не можела да најде изведувач и дека очекува сите останатите случаи да продолжат.
„За сите други општини, очекувам постапките да продолжат и општините сами да постапат. Се знае кога државата може да им помогне на општините. Тогаш кога ќе видиме дека направиле сѐ во нивна надлежност и немаат можност да го направат тоа“,
рече Заев.
