По 100 дена од втората влада на премиерот Зоран Заев, тој одржа состанок со коалициските партнери на кој била дадена силна поддршка за продолжување на реформите и остварување на владината програма, како и за изнаоѓање решени за ветото од Бугарија.

„Остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, ниту идентитетот на кој било народ или етничка заедница. Тука сметаме и на силната поддршка на нашите сојузници во ЕУ, особено Германија, како и САД кои се посветени нашата држава да продолжи по европскиот пат и почнување на преговорите со Унијата. Во оваа прилика уште еднаш сакам да потенцирам, бидејќи ова е една широка, мултиетничка коалиција, мене како премиер но пред сè како човек, многу ми значи вашата поддршка, но и поддршката буквално од сите етнички заедници, претставени од партиите во оваа наша коалиција“,
рекол Заев.
Од прес-центарот на Владата велат дека коалициските партнери дале заедничка оцена дека Владата останува посветена на реформите и се зборувало за економските планови и проекти за наредната 2021 година.