Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на авиони „Хари С. Труман“ каде имале средба адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.
За ова поладнево на социјалните мрежи се пофалија Заев и Шекеринска.
„Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО Алијансата. Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација“, напиша премиерот на Фејсбук.
Фотографии објави и Шекеринска која во коментарот меѓудругото пишува и: „ден полн со адреналин“.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/854988068288577/?epa=SEARCH_BOX