Со 59 240 гласа „за“, 865 „против“ и 277 неважечки ливчиња, Зоран Заев е реизбран за претседател на СДСМ.
На 237 изборачки места од вкупно запишаните 68 991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за пребрени 227 избирачки места.
Од Изборната комисија на СДСМ велат гласањето поминало во најдобар ред и безбедно за здравјето на гласачите.
На првите непосредни внатрепартиски избори Заев беше единствениот кандидат за партиски лидер на СДСМ, а ова ќе му биде трет мандат.
Одлуките за следните позиции во хиерархијата на СДСМ, според информациите на „360 степени“, ќе се носат кон крајот на април, кога Заев прво ќе треба да го утврди својот предлог за негов заменик, за чиј избор потоа ќе одлучуваат делегатите на конгресот.
Заев претходно ја промовираше програта насловена како „Нова политика – СДСМ прв во промените“, која ја објасни како офанзива за пресвртт во политичкото делување и јавно побара поддршка од членството.