Претседателот на СДСМ денеска беше во оваа скопска општина во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори
Наша цел е да ги мултиплицираме ефектите и да го подигнеме стандардот во урбаното живеење, во комуналната инфраструктура, квалитетот на образовниот процес и во детските градинки и во основните училишта, но и да го подигнеме економскиот стандард на сограѓаните Роми.
Ова вечерва го порачаа претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на општината Ферат Асан и на Град Скопје Петре Шилегов во Шуто Оризари во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори.
„Важно е да го постигнеме единството и мене ми е мило што тоа го постигнуваме. Овие денови праќаме порака до сите други кандидати да дојдат и да се обединиме, и тие доаѓаат се приклучуваат. Сите знаат дека овде Асан победува. Како коалиција сме многу силно заедно, затоа што сме мултиетничка коалиција, затоа што сме едно заедничко општество каде сите се со еднакви шанси“,
порача Заев.
Заев од присутните побара поддршка и за нов мандат на кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов истакнувајќи дека многу е важно Град Скопје да продолжи по патот на развојот, што е гаранција дека и развојот на скопските општини и развојот на Шуто Оризари ќе продолжат.