Кандидат на СДСМ во Радовиш на овие избори е Чакариев, додека на претходните во 2017 социјалдемократите трчаа со Герасим Конзулов. Тој тогаш победи, но сега не ја доби поддршката од партијата за нов мандат, по што се кандидираше со поддршка од ДОМ и ЛДП. Меѓутоа, на денешната средба со радовишани Заев порача дека сега сите се заедно и има само еден противник, ВМРО-ДПМНЕ

Пораки за обединување околу вистинските вредности и продолжување на економскиот раст испрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Радовиш, во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори кој треба да се одржи на 31 октомври.
„Во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9 отсто, платите растат во просек и минималната и просечните во просек за над 6 300 денари, над 100 евра, комплетно економијата е раздвижена, сите крупни прашања во државата се решени“,
рече Заев додавајќи дека предизвикот во наредните 4 години е економија, економски стандард, работни места и опции за младите да ги бираат работните места.
Заев вели дека решавањето на проблемите со Грција и со Бугарија, Законот за јазиците и сите одлуки за реформите што се донесени досега се токму со цел да се подобри економскиот стандард. Тоа според него е европеизација дома и затоа верува дека ваквиот прогрес ќе победи односно нема да има враќање кон минатото, национализмот, поделбите …
Кандидат на СДСМ во Радовиш на овие избори е Чакариев, додека на претходните во 2017 социјалдемократите трчаа со Герасим Конзулов. Тој тогаш победи, но сега не ја доби поддршката од партијата за нов мандат, по што се кандидираше со поддршка од ДОМ и ЛДП. Меѓутоа, на денешната средба со радовишани Заев порача дека сега сите се заедно и има само еден противник, ВМРО-ДПМНЕ.
„Многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници, ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме“,
истакна Заев кој најави дека деновиве ќе објават и мнозинство во општинскиот совет.
Кандидатот на СДСМ, Коле Чакариев, во вториот круг ќе се соочи со Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот, Чакариев освои 3 280, Ристов 4 894 гласа, додека Конзулов собра 1 895 гласа.