Премиерот Зоран Заев на денешната средба му порачал на еврокомесарот Јоханес Хан дека очекува во октомври Европската Унија да си го одржи зборот и да се даде зелено светло за земјава да ги започне пристапните преговори.
„Поддршката од ЕУ се темели на исполнувањето на нашите обрвски и реформи. Денеска со еврокомесарот Хан го означуваме стартот на последната фаза од процесот пред добивањето датум и почеток на преговорите. Му порачав дека во октомври очекуваме ЕУ да го оджи зборот и да почнеме со отворање на поглавјата. Тоа е запишано во заклучоците од Советот на ЕУ – дека Советот ќе го разгледува прашањето за С. Македонија не подоцна од октомври годинава“,
рече Заев
Но и самиот посочи дека до октомври на земјава и останува со искрена и чесна посветеност да ги заокружи реформите особено во правосудниот систем и новиот закон за јавно обвинителство со кој се утврдува идниот статус на СЈО.
„Да бидеме одговорни и да не даваме аргументи да се доведе во прашање нашата стратешка цел. Ние никогаш нема да ги затвориме портите за придонес на опозицијата во овој процес. Сѐ во интерес на земјата и граѓаните може заедно да постигнеме. Новиот предлог закон е резулатат на компромис и во него се земени во предвид забелешките на опозицијата“,
вели Заев.
Премиерот Заев случајот „Рекет“ го смета за пример дека никој нема да биде привилегиран и амнеститран и затоа го охрабри Обвинителството да ја продолжи постапката за „Рекет“ без разлика до кого ќе стигне.
„Сведочиме на одлучна и бескомпромисна борба против организираниот криминал и високата корупција што ја води независно обвинителство“,
рече Заев.
Тој изрази надеж дека до крајот на месецот е можно да се постигне политички консензус за законот за Јавно обвинителство со што ќе се овозможи негово усвојување во Собранието.