Премиерот вели дека има недвосмислени очекувања дека за време на следното претседателство со ЕУ, кое ќе биде во рацете на Словенија, ќе има видлив исчекор за Северна Македонија и за целиот регион
Премиерот Зоран Заев во интервју за словенечкиот весник „Дело“ испраќа порака дека верува оти Словенија ќе направи сè што треба ЕУ да не ги изгуби европските вредности и принципи и ќе продолжи да ја испраќа кон земјите кандидати пораката за поддршка за членство.

„Точно е дека со неодобрувањето на преговарачката рамка Северна Македонија губи драгоцено време, но сметам дека единствената исправна европска реакција е да се засилат барањата за да се почитуваат европските вредности и мислам дека Словенија ќе го заземе овој став за време на претседавањето со ЕУ и дека тоа ќе биде од огромен придонес за нов импулс во процесот за проширување на Унијата“,
вели Заев за словенечки „Дело“.
Тој ги споделува и очекувањата дека во претседавањето на Словенија ќе има видлив напредок.
„Недвосмислени се нашите очекувања, а и очекувањата на целиот Западен Балкан, дека за време на словенечкото претседателство, треба да има видлив исчекор за нашата земја и за регионот кон ЕУ“,
потенцира Заев.
Тој вели и дека ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Северна Македонија.
