Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев
Ниту еден предмет покренат од Специјалното јавно обвинителство нема да се изгуби со враќањето на повторно одлучување поради заминување во пензија на поротник, вели премиерот Зоран Заев.
Заев на новинарско прашање истакна дека не е детално запознаен со ова прашање, но се повика на коментар на ресорниот министер за правда, Бојан Маричиќ, во однос на законските одредби со кои се регулира постапката .
„Во законите кога поротник оди во пензија или го завршува својот мандат, де факто предметот се враќа на повторно одлучување. Но, има пракса, на едно рочиште се исчитуваат сите претходни докази, сведочења, искази.., и веднаш се враќа постапката на старо. Тоа е надежта дека ниту еден предмет нема да се изгуби, нема да го сопрете човек кој што сака да оди во пензија и да го држите надвор од неговите услови за пензионирање, но јас сум убеден дека тоа нема да влијае ниту на еден случај отворен без разлика дали од СЈО или другото јавно обнвинителство за организиран криминал или другите јавни обвинителства. Дел се решава и со заменик-поротници, но едно е сигурно, случаите не се загрозуваат“,
вели Заев.