Ова ќе биде нивна прва средба од последните парламентарни избори во земјава, а неколку дена пред клучниот министерски состанок на ЕУ, на кој се очекува да биде усвоена преговарачката рамка за С Македонија
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе оствари виртуелна средба со македонскиот премиер Зоран Заев в петок, 13 ноември, соопшти портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, како што јавува МИА од Брисел.
Фон дер Лајен и Заев требаше да се сретнат лично кон крајот на октомври, но средбата беше откажана поради ограничувањата за ковид-19 во Белгија и самоизолацијата на претседателката, по контакт со позитивен на вирусот.
Средбата е сега конечно закажана за идниот петок. Ова ќе биде нивна прва средба од последните парламентарни избори во Северна Македонија, а неколку дена пред клучниот министерски состанок на ЕУ, на кој се очекува да биде усвоена преговарачката рамка за Северна Македонија.
