Откако бројот на попишани граѓани надмина еден милион, премиерот Зоран Заев на својот профил на „Фејсбук“ упати честити до Државниот завод за статистика и попишувачите и посочи дека влегуваме во финалната фаза од пописот кој се спроведува после 20 години.
„1 милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа. Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години. Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина. Честитки до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика. Ти си повеќе од бројка. Учествувај. Попиши се!“,
напиша Заев.
Инаку, Државниот завод за статистика објави дека бројот на попишани до денеска до 15 часот е 1 000 034 лица. Пописот започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.