Според премиерот , брзата мобилизација и координацијата помеѓу сите институции, со сите активности, дадоа резултат и ги елиминираа сите можности ексдиректорот на УБК да ја напушти државата
Сашо Мијалков беше во бегство, ама беше принуден да се пријави. Институциите не го најдоа , ама беше нападнат по членови на семејство, по имот и мораше да се пријави, изјави вечерва премиерот Зоран Заев, во заедничка изјава, пред Владата, со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за правда Бојан Маричиќ, а откако ексдиректорот на УБК се појави бвинителството за обвинителството за организиран криминал.
„Правдата е обезбедена и ќе ја има и повеќе и почесто! И ќе следува ваков одговор на институциите секогаш кога некој ќе сака да си игра со правдата. Во изминатите 40 часа институциите на Владата предводени од мене, во координација со правосудните органи, спроведовме акција со детални постапки. Беа преземени сите редовни и вонредни мерки. Со акцијата координирав јас и можам да објавам дека Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше незибежна опција. Се пријави во Обвинителството за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор“,
рече Заев.
Тој рече дека брзата мобилизација и координацијата помеѓу сите институции, со сите активности, дадоа резултат и ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата.
„Сакам да истакнам дека за овој значаен успех дадоа придонес и надлежните министерства и надлежните агенции, судот и јавното обвинителство. Како резултат на тоа, беа избегнати нови потенцијални ризици. И успеавме во тоа. Им благодарам на сите институции и на сите претставници на тие институции.Секако, обвинителството и судот, неговото пријавување во Обвинителството никако не треба да се сметаат за олеснителна околност, ниту за овој, ниту за било кој друг случај.Затоа што не треба да се заборави дека Мијалков првично избега, односно не беше достапен до правосудните и органите на полицијата.Исто така, останува нашата посветеност и одлучност и барање да се истражат пропустите поради кои се случи бегството, за што секако ќе следи одговорност. Компромиси за правдата нема и нема да има, ако си грешел ќе одговораш“,
рече Заев.
Премиерот посочи дека адвокатите на Мијалков денеска неколку часа биле во Обвинителството и веројатно во координација со нив е договорено тој да се пријави. Тој рече дека треба да има одговорност и за организирање и помагање во бегство, затоа што инсттуциите преземаа сериозни мерки – контроли на гранични премини, жолти ленти на „Мериот“,повикување на роднини на распит…
„Бегство е кога институциите не можат да ве најдат на домашна адреса, а членови на семејствогто велат дека не знаат каде сте. Денеска институциите чукнаа на маса и имаше ефект. Институциите покажаа дека учиме од бегството на Груевски, “
рече Заев, посочувајќи дека овој случај, сепак, не е ист како тој со Груевски, кој во бегството беше помогнат од друга држава.
За барањата на опозицијата за оставка на Владата, Заев рече дека Христијан Мицкоски бил избран на чело на ВМРО-ДПМНЕ со помош на Мијалков и на Груевски , а сега обвинува за соработка на властасо поранешниот директор на УБК, за кој се водат повеќе кривични постапки.