Премиерот Зоран Заев денеска на средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак се согласиле дека ЕУ треба да го одбработи својот дел во однос на С Македонија.
„Северна Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан. Ова е заедничката порака за која се согласивме со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, во рамки на првата средба од мојата европска работна агенда Брисел – Мадрид – Атина“,
напиша Заев на Твитер.
Северна Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан. pic.twitter.com/3uxhbI3zop
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) May 9, 2021
По средбата со Лајчак, македонскиот премиер Заев, ќе оствари средби и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со Јосеп Борел, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешна политика на ЕУ, со извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимемерманс и со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување.
За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.
Претседателот на Владата Зоран Заев, во Брисел уште ќе се сретне и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew, Илхан Ќучук, известител за Северна Македонија и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ.
Од Брисел, премиерот Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе замине за Мадрид. Во главниот град на Кралството Шпанија, како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат.
За време на посетата на Мадрид, премиерот Заев ќе оствари средба и со Антони Гараменди, претседател на Шпанската конфедерација на работодавачи.
Премиерот Заев ќе ја заврши европската агенда со работна посета на Атина и со учество на Економскиот форум Делфи, заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за економија Крешник Бектеши.
Во Атина претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.