Премиерот Зоран Заев по објавувањето на снимените разговори со руските комичари, им се извинил на претседателите на Србија Александар Вучиќ и на Косово, Хашим Тачи.
„Зборувавме со господин Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја искористам пригодата, ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово, намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во било кои кулоари, кога разговараме, зборуваме за тоа што е пристутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации. Нашиот став е, навистина посакуваме проспоритет и решавање на проблемот со Косово, просперитет и на Албанците и на Србите и на сите други заедници кој што живеат на Косово но и на целиот регион“,
изјави премиерот Зоран Заев.

Инаку, македонскиот премиер Зоран Заев на промоција на руска инвестиција, пред за попладне закажаната официјална средба, се виде и кратко разговараше со нивниот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин.
Заев за медиумите изјави дека актот на руските комичари е приватен а не преземен од страна на официјална Москва.