Заев вчера на ТВ-дуелот спомна дека Мицкоски, како директор на ЕЛЕМ, склучил два едно по друго договори со сличен предмет – адвокатски услуги, со Панче Тошковски, кој беше дел од преговарачкиот тим на опозициската партија за Законот за јавно обвинителство
Тоа што го спомна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во текот на вчерашниот ТВ-дуел со Христијан Мицкоски, денеска подетално го презентираше портпаролот на владејачката партија, Костадин Костадинов.
Костадинов, покажувајќи документи, рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот кога бил директор на АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) сега ЕСМ, прво склучил Договор за адвокатски и советодавни услуги со Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ, на износ од 1.600.000 денари или 25.000 евра, за период од две години. Само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучил нов договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари односно 143.000 евра, за адвокатски услуги.
Според Костадинов, Тошковски е многу близок пријател на Мицкоски и човек кој беше дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство.


„Ете како извршителот Христијан Мицкоски ги испумпувал парите на граѓаните и како ВМРО-ДПМНЕ ги полнеле своите џебови додека граѓаните плаќале поскапа струја за 100%. Овие документи, кои се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните, ќе ги предадеме до надлежните институции. Ова е причината зошто Мицкоски на вчерашниот ТВ-дуел беше нервозен, се потеше и не смееше да одговори за овие документи но секако не даде одговор ниту за криминалите на Никола Груевски“,
изјави денеска Костадинов.
Мицкоски не се огради од Груевски, ниту од неговиот финансиер, Орце Камчев, рече Костадинов. Освен што беше поразен во ТВ-дуелот, казната за Мицкоски ќе му стигне и од граѓаните на 12 април но и од правдата, порача портпаролот на СДСМ.
*поврзана вест Тошковски за прозивките од СДСМ: Мене адвокатурата ми е професија, ним криминалот