И покрај забраната што неодамна ја донесе Владата за собирање на повеќе од четири лица на јавен простор, победата на македонската репрезентација над Грузија резултираше со спонтана прослава во центарот на Скопје
Премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби ќе ги пречекаат членовите на македонската фудбалска репрезентација на Скопскиот аеродром.
Како што соопштија од Владата, се очекува македонската фудбалска репрезентација, вечерва по полноќ, да пристигне од Тбилиси на меѓународниот аеродром „Скопје“, откако обезбеди пласман на Европското првенство.
Од Владата испратија и покана за акредитација на медиуми што се заинтересирани да го проследат настанот.
И покрај забраната што неодамна ја донесе Владата за собирање на повеќе од четири лица на јавен простор, победата на македонската репрезентација над репрезентацијата на Грузија резултираше со спонтана прослава на плоштадот во Скопје, но и во други градови во земјава.
Веднаш по историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство 2021 година, министерот за здравство Венко Филипче излезе со честитки, но и со апел да се слави со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
