Тој најави дека следната недела, околу 15 јули, СДСМ ќе објави уште 20-тина кандидати. На почетокот на август ќе биде објавена и втората група кандидати, додека третата ќе биде позната кон крајот на август
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва и официјално го потврди првиот кандидат за градоначалник од редовите на социјалдемократите – актуелниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов, на локалните избори во октомври ќе ја бара довербата за втор мандат од своите сограѓани.
Заев информацијата ја објави на вечерашната партиската трибина во Валандово, „Најдоброто за нашата општина“.

„Нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник од која било политичка партија во Северна Македонија, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата, ниту меѓу СДСМ на централно ниво, а нема дилеми ниту помеѓу ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија. Затоа, мило ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, кој е наша и гордост на Валандово. Чест ми е да го направам тоа со човек кој тоа го заслужува и да ја испратам пораката до сите други функционери, советници, градоначалници, пратеници, министри, директори: трудете се, работете, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете поддршката и од народот и од раководството“
рече Заев.
Тој најави дека следната недела, околу 15 јули, СДСМ ќе објави уште 20-тина кандидати. На почетокот на август ќе биде објавена и втората група кандидати, додека третата ќе биде позната кон крајот на август.
Дотогаш, ќе се прават анализи и анкети. Една од анкетите ќе биде внатрепартиска и ќе се спроведе викендов по електронски пат.
„Сакам да ве информирам, дека сите социјалдемократи дека овој викенд ќе имате електронско гласање, односно ќе добиете СМС-порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка“,
најави Заев.