Се очекува на средбата да се разговара и околу можниот нов датум за одржување на изборите, пред состанокот на лидерите кај Пендаровски во вторник
Состанок на партнерите од коалицијата „Можеме“, што СДСМ ја формираше за годинешниве парламентарни избори, ќе се одржи претпладнево во седиштето на владејачката партија, како што соопштија предмалку оттаму.
Се очекува на средбата да се разговара и околу можниот нов датум за одржување на изборите, за што СДСМ се залага да биде што поскоро, доколку ситуацијата со епидемијата на ковид-19 го дозволува тоа.
Средбата на коалициските партнери се одржува два дена пред лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, на која водачите на парламентарните партии треба да разговараат околу можностите за продолжување на изборниот процес, по завршувањето на вонредната состојба во земјава, односно истекувањето на рокот на важење на втората одлука за тоа на шефот на државата.
Кон коалицијата на СДСМ која функционираше во последните три години, по распишувањето на десттите парламентарни избори, се приклучи и досега опозициската партија од албанскиот блок – Беса на Билал Касами.
