Премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствуваше во новите простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најави дека денеска ќе има координација за следните чекори за спорот со Бугарија.
„Денеска, на првиот работен ден, закажав координација заедно со министерот за надворешни работи, моите советници за надворешни работи, меѓу кои сѐ уште е Дане Талески, кој на 10 јануари, в недела, конечно заминува за Брисел, потпретседателот на Владата за европски прашања, работна група која преговара и слично, за да може уште еднаш да ги заклучиме сите досегашно состојби до каде сме дојдени за уште еднаш да ја изградиме стратегијата како да пристапиме соодветно, верувам дека добрата соработка и редовната комуникација можат да бидат само предност за изнаоѓање решение на секое прашање пред кое е исправена нашата земја“,
рече Заев.