Премиерот Зоран Заев преку две објави на Твитер, една на македонски и друга на германски, ѝ честиташе на германската канцеларка Ангела Меркел 15 години од стапувањето на функцијата.
„Честитки за нашата пријателка, д-р Ангела Меркел која денес одбележува 15 години како канцелар на СР Германија. Таа ја испишува современата германска историја. Канцеларката e наша блиска пријателка и нè мотивира да продолжиме уште похрабро напред“,
вели Заев во честитка.
Меркел е прва жена канцеларка на Германија, функција на која стапи на должност по сојузните избори во 2005 година. Пред да стане канцеларка, на почетокот на ’90-тите беше член на Бундестагот, а од 1991 до 1998, беше министерка за животна средина.

