Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да ги заостри мерките воведени со цел да се спречи ширењето на делта-сојот
Делта-сојот е причина за констатнто големиот број дневнозаразени со коронавирус во САДсо недели, а вакцинацијата не напредува доволно брзо. Затоа претседателот Џозеф Бајден одлучи да ги заостри мерките воведени со цел да се спречи ширењето. Една од тие мерки е задолжителната вакцинација на работниците од сите приватни компании кои имаат повеќе од сто вработени. Има вкупно шест нови правила.
Правило број еден: Задолжителна вакцинација
Првата мерка е задолжителна вакцинација на работниците и во приватни и во државни компании. Според ова правило, работодавачите мора да побараат од вработените сертификат за вакцинација или тестови за да докажат дека во моментов не се заразени. Компаниите што не го почитуваат тоа ќе бидат казнети, објави Си -ен -ен.
Бајден најави дека тестирањето како опција ќе биде укинато наскоро и вакцинацијата ќе стане единствената опција.

Во моментов, 19 проценти од американските работодавачи бараат вработените да се вакцинираат, што е двојно повеќе отколку во јули, кога тој процент беше девет проценти. Исто така, повеќе од 55% од нив ги охрабруваат вработените да се вакцинираат.
Правило број два: Трета доза
Второто правило се однесува на дополнителна имунизација на вакцинираните со таканаречена засилувачка или третата доза. Болните и постарите луѓе имаат предност, но вакцинацијата со трета доза се препорачува за секого.
Правило број три: Отворање на училиштата
Бајден се изјасни дека не сака новата учебна година да помине онлајн и затоа апелира до учениците да се вакцинираат и се залага за вакцинација на деца постари од 12 години, бидејќи податоците покажуваат дека три проценти од заразените се деца. Исто така, бројот на тестови ќе се зголеми во училиштата и универзитетите, кои н почетокот на учебната година се појавија како жаришта.
Тој ги повика гувернерите на сојузните држави да почнат да бараат задолжителна вакцинација на наставниот кадар.
Исто така, посебно внимание ќе се посвети на карантинот, одосно на реакцијата на појавата на коронавирус во училиштата, кај децата и наставниците. Тој вети дека на наставниците кои ќе се најдат во ваква ситуација, нема да им се скратува од платите.
Правило број четири: Повеќе тестирања
Навременото откривање на вирусот е важно за сузбивање на вирусот, поради што САД ќе инвестираат повеќе средства во тестови, за да бидат достапни за секого. Администрацијата на Бајден планира да обезбеди 25 милиони бесплатни тестови за ковид.
Исто така, целта е да се подобри нивната дистрибуција, така што во следните три месеци, преку „Амазон“, „Коргер“ или „Волмарт“, ќе може да се купат тестови за домашна употреба.
Правило број пет: Олеснувања за приватен бизнис
Секој што сака да започне приватен бизнис може да земе заем во износ од два милиони долари од банка, што е четири пати повеќе од претходниот лимит, кој изнесуваше половина милион долари.
Правило шесто: Нови начин на лекување
Последниот од шесте чекори е инвестирање во медицина и пронаоѓање нови начини за лекување на ковид. Бајден вети дека САД наскоро ќе откријат уште неколку лекови против коронавирусот, кои, како што вели, биле тестирани и препорачани од експерти лекари, а не од теоретичари на заговор.

Тука пред се мисли на третманот со моноклонални антитела, кои го зајакнуваат имунитетот. Досега лекарите извршиле повеќе од милион и 400 000 вакви третмани, а Бајден најави дека бројката наскоро ќе се удвои.
Критики: Задолжителната вакцинација е „нелегална и неамериканска“
Монтана е единствената држава во САД која усвои закон со кој им се забранува на работодавците да бараат вакцинација со цел вработените да се вратат на работа.
Гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте оцени дека задолжителната вакцинација е „нелегална и неамериканска“. Тој објави на Твитер дека е „посветен на заштита на слободите на граѓаните на Монтана од ова брутално федерално кршење“.
President Biden’s vaccination mandate is unlawful and un-American. We are committed to protecting Montanans’ freedoms and liberties against this gross federal overreach.
— Governor Greg Gianforte (@GovGianforte) September 9, 2021
И Тејт Ривс, гувернер од Мисисипи од републиканците, остро го критикуваше Бајден, наведувајќи дека „претседателот нема овластување да бара граѓаните да бидат вакцинирани за вработување во приватни компании“.
„Самата вакцина спасува живот, но овој неуставен потег е застрашувачки. Ова е Америка и ние се уште веруваме во слобода“,
објави Ривс на Твитер.
Во САД, 80 милиони луѓе се уште не се вакцинирани, а вкупно од ковид починаа нешто помалку од милион луѓе.