Забраната е воведена поради обилни врнежи од снег

Од утрово од 08:30 часот воведена е забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин Стража.
Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека забраната е воведена поради обилни врнежи од снег.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот на патиштата се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.
„Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег“,
информираат од АМСМ.
Оттаму на возачите им препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
