Од „Македонија пат“ велат дека врнежи од снег со променлив интензитет има и на Попова Шапка и во Маврово

Утринава од 6:50 часот, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на камиони преку планинскиот превој Стража на патот Гостивар – Кичево. Забраната, како што велат од јавното претпријатие „Македонија пат“, се однесува и на крак од патот Маврово – Дебар.
Од „Македонија пат“ велат дека врнежи од снег со променлив интензитет има и на Попова Шапка и во Маврово.
„Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патишта кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони“,
додаваат од претпријатието.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
