Од Општината посочуваат дека по пријава од граѓани, инспекторите излегле на терен и констатирале дека локалите не се придржувале до законските прописи
Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта поради непочитување на дозволеното ниво на бучава при вршење угостителска дејност.

Од Општината посочуваат дека по пријава од граѓани, инспекторите излегле на терен и констатирале дека локалите не се придржувале до законските прописи, па затоа е донесена оваа санкција.
„Доколку не ги почитуваат законите и прописите за работа, ќе следуваат и кривични пријави. Инспекциските служби продолжуваат со интензивни контроли на угостителските и туристички објекти, особено во вечерните и ноќните часови. Апел до граѓаните: Доколку забележите неправилности во работењето на угостителските објекти, пријавете веднаш на: [email protected]“,
информираат Општината.
Општина Аеродром вчера информира дека започнува со контрола и мерења на прекумерната бучава со цел заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните. Во фокус на контролите, како што наведоа, ќе бидат угостителските и туристичките објекти со цел доследно почитување на законските одредби.
