Шпанија има висока стапка на вакцинација, целосно се вакцинирани повеќе од две третини од населението, меѓутоа сè уште се на сила мерките за носење маски на отворено и одржување физичко растојание од 1,5 метри

Околу 25 000 луѓе присуствувале на забава по повод новата академска година на Универзитетот во Мадрид, без да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19, објави шпанската полиција признавајќи дека била затечена бидејќи собирот не бил пријавен.
Шпанските медиуми пишуваат и дека ова е најголемиот собир од почетокот на пандемијата кога истите беа забранети со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а се објавуваат и фотографии од кои се гледа дека не се почитуваат мерките што се на сила.
Во објавеното соопштение, полицијата наведува дека забавата која се случила вечерта помеѓу петокот и саботата, не била пријавена, па полицајците пристигнале во студентскиот кампус после полноќ. Откако пристигнале, се обиделе да го одржуваат јавниот ред и мир за да не дојде до инцидент.
Шпанија има висока стапка на вакцинација, целосно се вакцинирани повеќе од две третини од населението, меѓутоа сè уште се на сила мерките за носење маски на отворено и одржување физичко растојание од 1,5 метри.
