Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 29 реинфекции
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 27.05 до 29.05) од направени 2 335 тестови, регистрирани се 151 нов случај на ковид-19: Скопје – 109, Штип – 9, Битола и Охрид – по 5, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Тетово и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Кичево, Кочани, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 194 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (од 27.05 до 29.05.2022) пријавено е едно починато лице од Прилеп (97 г) починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72 г) и Битола (85 г), едно лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311 851, бројот на оздравени пациенти е 302 013, на починати е 9 303, а бројот на активни случаи изнесува 535.