Ова, според Владата, покажува дека телефонска линија дава резултат. Оттаму ги повикаа сите засегнати да се јават на телефонскиот број 070-355-526 и да ги изразат своите барања и потреби до Владата
За три дена од пуштањето на телефонската линија за повредените и семејствата од пожарот во Кочани, која е во директна комуникација со канцеларијата на премиерот, 109 граѓани ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози до Владата, информираат денеска од владината прес-служба.

Ова, според Владата, покажува дека телефонската линија дава резултат. Оттаму ги повикаа сите засегнати да се јават на телефонскиот број 070-355-526 и да ги изразат своите барања и потреби до Владата.
„Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга“,
наведуваат од Владата.
Владата во понеделникот стави на располагање телефонска линија која на повредените во Кочани и нивните семејства ќе им овозможи директна комуникација со власта во врска со нивните потреби и предлози.