Засега не се знае до каде е идејата за ослободување на српските туристи од патарини во нашата земја
Градоначалникот на Дојран Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко-угостителските објекти и бесплатен паркинг.
Овој гест следува како одговор на донациите во вакцини кои ги добивме од Србија.
„Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација“,
рекоа Ангов и Јаневски.
Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150 000 ноќевања годинава.
Засега не се знае до каде е идејата за ослободување на српските туристи од патарини во нашата земја, повторно како одговор на гестот на нивната Влада.