Изречени се 145 санкции за брзо возење на територијата на СВР-Тетово во тек на акциска контрола што ја спровела полицијата денеска од 14 до 20 часот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 104 санкции се изречени на територија на Тетово, а 41 на територија на Гостивар. Седумдесет и еден возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 15 за дури над 70 километри на час над дозволената.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“,
велат од МВР.
