Во текот на вчерашниот ден во Скопје полицијата запрела и казнила 111 возачи, кои возеле побрзо од дозволеното. Контролата, како што соопшти МВР е спроведена во периодот од 14 до 20 часот. Двајца возачи возеле со брзина над 70 километри на час над дозволената, а 12 со брзина над 50 километри на час над дозволената, информираат од полицијата.
„На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 274 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 25 за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 за управување под дејство на алкохол“,
соопшти МВР.
Изречени се и девет санкции за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, осум за некористење сигурносен појас, четири за недавање првенство на минување на пешаци, четири за возач почетник, како и 21 санкција за непрописно паркирање.
Контролите на полицијата, како што додаваат оттаму, продолжуваат и понатаму со цел поголема безбедност на сообраќајот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“,
велат од МВР.
