Од МВР информираат дека 18 возила се движеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе
За само шест часа денеска биле казнети 90 возачи на автопатот Куманово – Скопје – Велес, сите за брзо возење.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, во периодот од 9 до 15 часот, спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 90 возачи.
Од МВР додаваат дека 18 возила се движеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“,
велат од МВР.