Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека граѓаните чии сметки за струја се нереални со потрошувачката да поднесат претставки.
„Граѓаните можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет-платформата на ЕВН. Доколку добиената сметката отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија. Во случај да не бидат коригирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа потрошувачите, можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија“,
вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Се појаснува дека поради вонредната состојба, а почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за заштита од ширење на коронавирусот, дел од компаниите врз кои имаат надлежност ги дигитализрале услугите со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали физичкиот контакт.
