Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Алфа, го повтори ставот дека за неговата партија изборите не се приоритет. Мицкоски рече дека во првите три приоритети не станува збор за избори.
„Важно е здравјето, да тргне економијата и луѓето да си ја вратат самодовербата по сите карантини. Треба да се врати вербата во државата“,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски смета дека претставниците на власта се контрадикторни зашто еден вели дека не зборувале за избори, а друг објаснува како ќе се гласа.
„Без темелна анализа што ќе се случи по оваа пандемија, најмал проблем се маските при гласање, туку каква програма ќе им се понуди на граѓаните. Многу поважно, клучно е што ќе им се понуди на граѓаните, каква програма ќе им се понуди“,
рече Мицкоски.