Епидемиологот и член на српскиот кризен штаб за борба против коронавирусот, Предраг Кон, предупредува дека за три недели бројот на нови случаи во Србија може повторно да стане четирицифрен на дневна основа и дека болниците ќе почнат да се полнат со „новозаразени“ најверојатно за седум дена.

„Нема време за размислување, треба итно да се почне со задолжителна вакцинација на здравствените работници, а потоа и на останатите групи жители кои се изложени на ризик или се во ситуација масовно да заразат други поради природата на нивната работа. За оние за кои сум сатана, продадена душа, предавник, за кои злонамерно се радувам на повторното растење на заразени од ковид-19 , за оние кои ме обвинуваат дека ширам паника… Кога пожарот ќе се запали вие се криете и не гледате, само за никој да не види… Тоа не ви треба “,
напиша Кон на својот фејсбук профил.