Интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител кон крајот на јуни годинава ја поднесе пратеничката група на Левица поради, како што наведоа од партијата, нефункционалност и политички влијанија врз работата на Јавно обвинителство
Собраниската расправа за интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е закажана за 29 јули. Ова, според објавата на веб-страницата на парламентот, е една од точките на предлог-дневниот ред за 64. пленарна седница, претпоследна пред пратениците да заминат на одмор на почетокот на август.

Интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител кон крајот на јуни годинава ја поднесе пратеничката група на опозициската Левица поради, како што наведоа од партијата, нефункционалност и политички влијанија врз работата на Јавно обвинителство.
Како образложение за интерпелацијата од Левица наведоа дека таа се темели на четири основи – селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.