Во периодот од 9 до 15 февруари, системот „Безбеден град“ евидентирал вкупно 4 490 сообраќајни прекршоци, што е за 501 прекршок помалку во однос на првата недела од месецов, кога биле регистрирани 4 991 прекршок
За десет отсто е намален бројот на прекршоци што системот „Безбеден град“ ги регистрирал минатата недела споредено со првата недела од февруари, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во периодот од 9 до 15 февруари, „Безбеден град“ евидентирал вкупно 4 490 сообраќајни прекршоци, што е за 501 прекршок помалку во однос на првата недела од месецов, кога биле регистрирани 4 991 прекршок.
„Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4 297, за минување на црвено светло 33, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 160 прекршоци“,
соопштија од МВР.
Дополнително, изречени се вкупно 148 мерки за забрана за управување со возило, што е намалување од 48,6 отсто во однос на минатата седмица. Од нив 33 се за минување на црвено светло, а 115 се за брзо возење, од кои 99 за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 12 за брзина поголема од 10 километри на час и четири за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.
