Досега, во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип или заболувања слични на грип изнесува 8 209, а регистрирани се вкупно три починати лица
Вкупно 2 062 нови случаи на грип или заболувања слични на грип се пријавени во третата недела од 2026 година, одосно во периодот од 12 до 18 јануари. Бројот на новозаразени, како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Споредено со третата недела од минатата сезона, пак, бројот на заголени од грип е зголемен за 46,0 отсто.
Од вкупниот број новозаразени, 1 274 лица се на возраст од 15 до 64 години, 279 заразени се деца на возраст до четири години, а 266 од заразените се лица над 65 години. На возраст од 5 до 14 години заразени се 243 лица.
„Заболените лица се пријавени од Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96, Струмица – 85, Дебар – 75, Свети Николе – 59, Гостивар – 52, Радовиш – 33, Неготино – 30, а во Гевгелија, Виница, Струга, Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30“,
покажуваат податоците на ИЈЗ.
Во периодот од 12 до 18 јануари пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Станува збор за 75-годишна жена од Скопје и 69-годишен маж од Кавадарци. Пациентите не биле вакцинирани против сезонски грип и кај нив е утврдено присуство на коморбидитети.
Досега, во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип или заболувања слични на грип изнесува 8 209, а регистрирани се вкупно три починати лица.
