За едно деноноќие во Скопје се хоспитализирани 73 пациенти со компликации на коронавирусот. Како што информира Министерството за здравство, во главнито град болнички се лекуваат вкупно 687 лица сомнителни и потврдени на ковид-19, додека пак на ниво на целата земја хоспитализирани се 1 687 лица.
Во ковид-центрите во болниците во останатите градови низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1 000 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 75 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19“,
информираат од Министерството за здравство.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 129 во ковид-центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26, во Кичево 34, Кавадарци 68, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на коронавирусот.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,
информираат од Министерството.
