Вкупниот број на евакуирани од тешко погодените украински градови е близу 400 000, според Министерството за внатрешни работи на Украина
Вкупно 80 000 луѓе за два дена успеаја да избегаат по хуманитарните коридори од регионите Киев и Суми, соопшти украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
„Вкупно 60 000 луѓе го напуштиле североисточниот град Суми и неговата околина од вторникот, а 20 000 луѓе ги напуштија областите северозападно од украинскиот главен град Киев, кои претрпеа тешки руски бомбардирања“,
рече таа.
Верешчук додаде дека едвај 3 000 лица биле евакуирани од Ижум, во близина на опколениот источен град Харков.
Вкупниот број на луѓе евакуирани од тешко погодените украински градови е близу 400 000, според Министерството за внатрешни работи на Украина.
Според Обединетите нации, за две недели откако Русија ја нападна Украина, околу 2,3 милиони луѓе ја напуштиле земјата.