Ексминистерот за надворешни работи во интервју за косовската телевизија Дукаѓини ја критикуваше вчерашната средба на двете влади, на која, според него, била легитимирана антиалбанската политика што преовладува во С Македонија во последните четири месеци
Од друга страна, пак, министерот за здравство Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, во гостување на косовската телевизија Коха, изјавата на Курти ја оцени како коректна и додаде дека стратегиска грешка е што досега не била отстранета формулацијата 20 проценти во Уставот, за што го обвини лидерот на ДУИ
Претставници и функционери на партиите и коалициите на Албанците од власта и опозицијата во земјава со дијаметрално спротивставени наративи ја коментираат и оценуваат вчерашната изјава на косовскиот премиер Албин Курти во врска со претстојната одлука на Уставниот суд на Северна Македонија за законот за јазиците.

Курти на прес-конференцијата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Приштина, каде што вчера владите на двете земји одржаа заедничка седница, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за загрозување на албанскиот јазик во С Македонија, рече дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд, кој, според косовскиот премиер, нема да направи ниту исклучување ниту дискриминација и го почитува повеќејазичниот карактер во земјата.
„Ова прашање е на Уставниот суд во С Македонија. Три одредби од Законот за употреба на јазиците се доставени до Венецијанската комисија. Тие три одредби парадоксално никогаш не се применети во минатото. Сега Уставниот суд тоа треба да го оцени“,
рече Курти.
Изјавата на косовскиот премиер наиде на остра критика од потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи. Тој во гостување на косовската телевизија Дукаѓини рече дека таа била скандалозна и охрабрувачка за оние што сакаат да го доведат во прашање Охридскиот рамковен договор.
„Изјавата на Курти за јазиците беше скандалозна, многу штетна и охрабрувачка за сите оние кои сакаат да го уништат Охридскиот договор, особено неговата поента, албанскиот јазик. Последново е едно од прашањата регулирани со измената на Уставот по Охридскиот договор во 2001 година. 15 години не можеме да најдеме правилен компромис за негово правилно толкување во Охридскиот договор. Македонската страна смета дека Охридскиот договор го предвидува албанскиот јазик само во општините каде Албанците се над 20 отсто. Од наша страна албанскиот јазик на сите нивоа на државата е еднаков со македонскиот јазик. По 15 години го постигнавме тоа. Законот за употреба на јазиците, во член 1, вели дека службен јазик во државата е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Исто така, јазикот што го зборуваат над 20 отсто (албанскиот) е официјален јазик“,
вели Османи.
Ексминистерот за надворешни работи во претходната влада на СДСМ и ДУИ, ја критикуваше и самата средба на двете влади, на која, според него, била легитимирана антиалбанската политика што преовладува во Северна Македонија во последните четири месеци.
„Мислев дека оваа заедничка средба ќе биде искористена за да се испрати порака до владата на Северна Македонија дека и Косово е заинтересирано да не се деградира позицијата на Албанците во РС Македонија, бидејќи функционалноста на мултиетничката демократија е основа за стабилна и просперитетна Македонија. Ваква порака не слушнавме“,
кажа Османи.
Вчеравечер и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со граѓани и поддржувачи на ДУИ во скопски Бутел упати порака до сите политички фактори, во и надвор од државата, дека албанскиот јазик во Северна Македонија е официјален и ќе го бранат со целото свое битие.
„Охридскиот договор е постигнат со маченичка крв и оживеан од најдобрите борци на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ. Додека е ДУИ жива, во опозиција или на позиција, нема да дозволиме да бидат допрени темелите на Охридскиот договор“,
рекол Ахмети, се наведува во соопштението на партијата на Фесјбук.
Од друга страна, пак, министерот за здравство Арбен Таравари од владејачката коалиција „Вреди“, во изјава за косовската телевизија Коха, рече дека она што го кажал Курти било коректно и објасни дека не станува збор за одлука за закон за албанскиот јазик бидејќи таков закон не постои.
„Премиерот Албин Курти беше коректен, тоа не е законот за албански јазик. Во Уставот на Северна Македонија службен јазик е македонскиот јазик, а во законот е вклучен и албанскиот јазик. Стратешката грешка како Албанец е што не инсистиравме во одредени моменти да се повлече (формулацијата) 20 проценти (во Уставот)“,
рече Таравари во емисијата „Интерактив“ на КТВ.
Во овој контекст, тој го обвини лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, дека не направил ништо во таа насока, додека бил на власт изминатите години.
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на темата за претстојната одлука на Уставниот суд, рече дека судиите што во моментот се дел од овој суд се избрани во време кога на власт беа ДУИ и СДСМ.
Зошто токму сега се актуализира ова прашање, Мицкоски изјави дека тоа го прават политичари што се темни сенки од минатото, што не можат да се слушнат да говорат за предлози и реформи во економијата, даночниот систем, образованието, туку единствената карта на која ја темелат децениската кариера е криминал Зошто токму сега се актуализира ова прашање, Мицкоски изјави дека тоа го прават сите оние и корупција и етнички конфликти.