Коментарите сега се дека Путин имал многу подобар однос кон Болсонаро, што ги потврдува шпекулациите дека овие двајца претседатели се исклучително блиски
За разлика од германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро успеа да се „зближи“ до рускиот претседател Владимир Путин и да ја избегне познатата бела маса долга шест метри.
Веќе со денови на социјалните мрежи се споделуваат шеги за средбите на споменатите државници со Путин, бидејќи поради должината на масата многумина сугерираа дека Путин и неговите соговорници можат да играат тенис, додека други изјавија дека можеле да ја направат и „Тајната вечера“.

Коментарите сега се дека Путин имал многу подобар однос кон Болсонаро, што ги потврдува шпекулациите дека овие двајца претседатели се исклучително блиски.
Болсонаро не само што не седна од другата страна на масата, на растојание од пет метри, туку седеше со Путин и неговите соработници на само еден метар.

Исто така, двајцата претседатели беа фотографирани како се ракуваат и позираа еден до друг, што не беше случај со Макрон и Шолц.
Шолц и Макрон одбија при слетувањето во Москва, одбија ПЦР тестирање од руски здравствени работници, поради што беше побарано од лекар од германската амбасада во Русија лично да го тестира канцеларот во Москва.
Putin welcomes Brazilian president Bolsonaro in Moscow, Russia pic.twitter.com/XH95ZEbgmz
— RT (@RT_com) February 16, 2022
Бидејќи руските функционери не се сигурни за ПЦР тестовите што ги спроведуваат другите земји, Путин одлучи да ги стави на познатата маса долга дури шест метри.
Сепак, овие причини некако се неубедливи ако се земе предвид дека Болсонаро не е вакциниран, како и тоа дека не верува во коронавирусот.