Од ВМРО-ДПМНЕ вчера им дадоа 24 часа на властите да го пронајдат Мијалков, во спротивно бараат оставка од Владата
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веднаш да поднесе оставка и ја посочи неговата одговорноста за бегството на ексшефот на УБК, Сашо Мијалков.
„Додека Спасовски ажурира членство по куќи, Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега, МВР 24 часа не презело ништо и чекало да побегне“,
велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат на информациите објавени од обвинителството вчера за периодот кога најверојатно Мијалков исчезнал.
Одговорноста на Спасовски, од ВМРО-ДПМНЕ ја лоцираат во, како што велат, „фактот што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не презл ништо“, па заклучуваат дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.
Од опозицијата уште еднаш посочија дека постои основан сомнеж за договор Заев-Спасовски-Мијалков за неговото бегство.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера им дадоа 24 часа на властите да го пронајдат Мијалков, во спротивно бараат оставка од Владата.