Ниту во последните 24 часа, ниту според регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица
Во последните 24 часа направени се 523 теста, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19 од кои 13 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 38, Битола – 5, Прилеп – 3, Неготино – 2, Охрид и Штип – по 1.
Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Куманово – 4, Битола и Прилеп – по 2, Тетово и Велес – по 1.
Ниту во последните 24 часа, ниту според регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 179 652 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 850, бројот на оздравени пациенти е 334 007, на починати е 9 559 а бројот на активни случаи изнесува 284.