Пописот денеска стартуваше успешно, во првите два-три часа попишувачите не се соочиле со никаков бојкот или некој технички проблем
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, информира дека денеска за 12 часа се попишани вкупно 91 681 лице, 28 355 домаќинства и 37 404 станови. Ова, за Маричиќ, е повеќе од успешен поечток на пописот.
„Граѓаните и попишувачите соработуваат одлично на терен. Посебно сум задоволен што се почитуваат сите здравствени протоколи и дека граѓаните се среќни што можат директно да придонесат за доброто на државата“,
напиша Маричиќ на Фејсбук.
Пописот денеска стартуваше успешно, во првите два-три часа попишувачите не се соочиле со никаков бојкот или некој технички проблем, а директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, очекува дека истото ќе го каже и на 30 септември кога ќе заврши оваа статистичка операција.