За десет дена (помеѓу 14 и 23 мај), во Вухан се тестирани шест и пол милиони луѓе за присуство на коронавирус, а целта е да се тестираат сите 11 милиони жители на тој град, јави кинеската агенција Синхуа.
Тестирањето е доброволно, а градската здравствена служба ги повика сите оние кои не биле тестирани да се пријават до среда, за да може да се изолираат сите што се заразени и немаат никакви симптоми на болеста.

Приоритет во оваа акција им се дава на станбените згради и густо населените населби.
Здравствените работници во Вухан на ден тестираат и по 1,4 милиони лица.
Масовното тестирање започна откако шест лица беа заразени во една зграда, па властите одлучија конечно да го прекинат синџирот на ширење на вирусот со тестирање на сите жители.
Во време на епидемијата, кога Вухан беше светски центар на заразата, во градот беа тестирани повеќе од три милиони луѓе, потсетува Синхуа.